Менаџерката на Тоше: Уште жалам што не загинав заедно со него


Македонија седум години тагува по Тоше Проески. Времето поминува, но болката останува.

Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ се уште не може да го заборави кобниот ден, кога беше во автомобилот каде загина Тоше.liljaa

Таа вели дека многу пати зажалила што тоа утро не го загуби животот заедно со пејачот.

-Трагедијата ни се случи на сите нас, а јас многупати зажалив зошто тоа утро не загинав заедно со Тоше само да се спасам од оваа силна тага. Нема врска ниту тоа дека тие ме избркаа за времето на погребот на Тоше. Тоа го зборуваат лошите луѓе кои живеат со црните мисли. А, луѓе како луѓе. Имаше секакви околу нас. …вели Лиља во ексклузивната исповед која ја даде за печатеното издание на магазинот Свет каде може да го прочитате и остатокот од разговорот со неа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1