Меркел паѓа, Асад останува, Хилари доаѓа, Белгија првак на Европа


Експертите и коментаторите на лондонскиот “Фајненшл тајмс“ прогнозираат дека во 2016 година германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја напушти функцијата.

Тие наведуваат и дека Британија на референдумот ќе гласа “за“ останување во ЕУ, додека Хилари Клинтон би можела да биде првата жена претседател на САД.politika 2016

Иако Меркел 2015 година ја заврши со овации кои и беа упатени на конференцијата на нејзината Христијанско-демократска унија, респектот кон нејзината храброст и моралното лидерство ќе им отстапат место на неизвесноста и незадоволството, проценува бристанскиот весник.

“Точката на топење“ како што се објаснува би можело да биде незадоволството на локалните власти кои не можат да се справат со големиот број бегалци и мигранти.

Иако канцеларката вети дека ќе го намали нивниот прилив во оваа година, ќе се испостави дека тоа не може да се реализира, поради што во нејзината партија ќе го оспорат нејзиниот статус.

Британија според весникот ќе гласа за останување во ЕУ и тоа не поради ентузијазам, туку поради тоа што кај британските гласачи ќе претежне “здравиот разум“.

За изборите во САД се прогнозира дека ќе бидат запаметени како прилично непријатни, бидејќи противникот на Хилари Клинтон кај републиканците, Тед Круз, ќе ја изложи на подбив поради “карактерните недостатоци и слабости пред непријателите на Америка“.

И покрај “непријатно тесните“ резултати на анкетите, Хилари Клинтон ќе победи во трката и демократите ќе се вратат во Сенатот, но мандатот ќе го почне во крајно поларизираниот Вашингтон, и нема да има “меден месец“.

Весникот предвидува и дека Башар ал Асад формално ќе остане на власт во Сирија во следните 12 месеци иако ниту сега нема вистински статус на владетел на целата држава.

Повикувајќи се на најновата ранг листа на ФИФА, се предвидува дека Белгија како “најдобра репрезентација во светот“ ќе го освои овогодинешното Европско првенство во фудбал.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1