Мерцедес и ауди однесоа четири животи – познат идентитетот на загинатите кај Крушје


Сопружници на возраст од околу 60 години од битолското село Трновци загинаа попладнево со автомобил “ауди” во сообраќајната несреќа што околу 17 ч. се случи на патот Ресен-Охрид кај село Крушје, потврдија од полицијата

Животот го загубија уште две лица во автомобил “мерцедес” со битолски таблички, но полицијата се уште нема податоци за нивниот идентитет.
Исто така, нема информација за повредени лица од овие два автомобила, како и во третото возило БМВ со охридски регистарски таблички, кое учествувало во несреќета.
Увидот се одвива отежнато поради временските услови, велат од полицијата.
Овој патен правец и натаму е затворен за сообраќај, а автомобилите се пренасочуваат по алтетнативни селски патишта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1