Мерцедес се запали во Куманово – патниците се спасиле во последен момент


Автомобил марка Мерцедес со кумановска регистрација, вчера попладне се запалил и изгорел на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на месноста Света Петка.

mercedes zapalenЗа среќа, возачот навреме успеал да избега од возилото и да се спаси, со што е спречена голема трагедија.

Како што пренесува Кумановоњуз, се работи за автомобил на кумановчанецот С.К. кој околу 16 часот одеднаш се запалил кај ауспухот, додека се движел кон Куманово.

За среќа, возачот кој бил позади кумановчанецот го известил што се случува и така се избегнала голема трагедија. Пожарот набрзо се проширил и кон останатиор дел од колата.

Засега не е утврдено колкава материјална штета е направена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1