Полицијата вчера објави дека е пронајден киднаперот. За неколку часа подоцна по долго испражување монструмот да признае дека ја киднапирал и убил 15 годишната Тијана.
Убиецот е месар од Сурчин кој бил гостин во местото Бајмок каде исчезна девојчето. Бил пијан, според извори од истрагата признал дека ја набљудувал Тијана во спортскиот центар каде била со другарките. Кога ја видел дека е сама насилно ја внел во автомобилот и ја однел 10 километри подалеку. Храброто девојче се борело со киднаперот, и испаднал нокт во борбата и патиката, која подоцна беа пронајдени.
Ја убил по неколку часа, најверојатно задавил, а телото го закопал во близина на Сомбор. Открил каде е точната локација каде ја закопал, па нејзиното тело полицијата го пронашла околу полноќ.
Тијана за последен пат е видена на 26-ти јули, 25 минути после полноќ, недалеку од спортскиот центар “Рата” во Бајмок.
Го открил мобилниот
Како што пишуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од истрагата киднаперот бил откриен со помош на сигналите од мобилните телефони, вкрстување на сигналите и проверка на податоците од базните станици. По тој сигнал нашле и каде се наоѓа пред да го уапсат.
Новинарите кусо разговарале со таткото на Тијана. Скршен од болка само викал
„ Ќерками е мртва, мртва, мртваааааааа. боже мртва“