Месарот ја набљудувал Тијана и чекал да биде сама – таткото скршен од болка


Полицијата вчера објави дека е пронајден киднаперот. За неколку часа подоцна по долго испражување монструмот да признае дека ја киднапирал и убил 15 годишната Тијана.

tijana544Убиецот е месар од Сурчин кој бил гостин во местото Бајмок каде исчезна девојчето. Бил пијан, според извори од истрагата признал дека ја набљудувал Тијана во спортскиот центар каде била со другарките. Кога ја видел дека е сама насилно ја внел во автомобилот и ја однел 10 километри подалеку. Храброто девојче се борело со киднаперот, и испаднал нокт во борбата и патиката, која подоцна беа пронајдени.

Ја убил по неколку часа, најверојатно задавил, а телото го закопал во близина на Сомбор.  Открил каде е точната локација каде ја закопал, па нејзиното тело полицијата го пронашла околу полноќ.

Тијана за последен пат е видена на 26-ти јули, 25 минути после полноќ, недалеку од спортскиот центар “Рата” во Бајмок.

igor-juric-1407371837-547221Го открил мобилниот

Како што пишуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од истрагата киднаперот бил откриен со помош на сигналите од мобилните телефони, вкрстување на сигналите и проверка на податоците од базните станици. По тој сигнал нашле и каде се наоѓа пред да го уапсат.

Новинарите кусо разговарале со таткото на Тијана. Скршен од болка само викал

„ Ќерками е мртва, мртва, мртваааааааа. боже мртва“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1