Драган Ѓуриќ на кобнот 25 јули дошол во местото Алекса Шантиќ каде живеел од раѓањето, а потоа истата вечер отишол во Бајмок, каде ја убил Тијана. По убиството, Ѓуриќ се вратил во Сурчин, а во родното место се вратил седум дена подоцна за да присуствува на славата на својот пријател.
Неговиот прв сосед Горан Марковиќ вели дека го познава Драган повеќе од 20 години.
-Во родното место дојде на 2 август, затоа што потоа отиде на слава во Гаково. Бараше да се видиме во кафуле.
Долго седевме, но воопшто и не го спомна исчезнувањето на девојчето.
Беше сосема нормален, ништо не укажуваше дека тој е киднаперот за кој зборува цела Србија- раскажува Горан.