Месиќ: Македонската нација е историски факт, не ја создал ниту Тито, ниту Коминтерната


Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во интервју за МКД.мк. нагласува дека бугарското вето кон Македонија не е во согласност со европските вредности, ниту во европски интерес. Месиќ потенцира дека македонската нација е посебна нација, како и македонскиот јазик и оти не држат тврдењата дека се создадени од Коминтерната.

– Никаква Коминтерна не го создала ниту бугарскиот, ниту македонскиот јазик. Бидејќи и едниот и другиот јазик се јазици што ги говорат посебните народи, бугарскиот народ – бугарски, македонскиот народ – македонски. А сличности има. Има и меѓу српскиот и хрватскиот, па Србите го нарекуваат српски, Хрватите – хрватски, Бошњаците – бошњачки, Црногорците – црногорски. Не гледам ниту една причина сега да се поставува прашањето за македонска нација и македонски идентитет. Македонската нација постои, таа е историски факт и секој што тука нешто проблематизира, всушност им штети на односите во цела Европа, нагласува Месиќ.

Во однос на тврдењето дека Тито ја создал македонската нација, Месиќ одговара дека Тито никого не го создал, туку само ги констатирал фактите.

– Ако е така, тогаш би значело дека Тито ги создал и Србите и Хрватите и Словенците. Ние бевме во една државна заедница, Кралство Југославија, во кое не беа решени националните прашања. Националните прашања кај нас се решени во Народноослободителната борба, која ја водеше маршалот Тито. Но секој народ го извојува своето право и да има свој јазик и да има своја територија и идентитет, вели Месиќ.

Во однос на барањата да се избрише фразата „бугарски фашистички окупатор“, но и тврдењето дека бугарските војски биле ослободители во Македонија во Втората светска војна, Месиќ на став дека ако се говори за историја, тогаш треба да се почитуваат сите факти.

– Бугарија беше на страната на силите на Оската и на крајот прејде на страна на сојузниците, а македонскиот народ заедно со припадниците на другите народи на просторот на Македонија го извојува своето право на република и на крајот право на своја држава, додава тој.

Целото интервју на МКД.МК

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1