Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси ја откажа посетата на Турција по обидот за воен удар.
Меси во Анталија требаше да биде дел од хуманитарни натпревари организирани од страна на неговиот поранешен тимски колега Самуел Ето.
Поради тоа Аргентинецот планираше да го прекине одморот на Ибица, но тој за сега останува на шпанскиот остров.
Ето, поранешниот играч на Барселона, во моментов е член на турскиоттим Анталијаспор.
Покрај Меси на хуманитарниот натпревар требаше да се појават: Нејмар, Суарез, Марадона, Азар, Тоти, Есиен, Чави, Иниеста, Дрогба, Туран и други.
Во Турција веќе отпатуваа Пујол, Абидал и Деко.
Се уште не е познато дали натпреварот ќе се одигра, а некои светски медиуми соопштија дека дуелот е откажан.