Шести државен удар во Турција: Зошто овој е поинаков од останатите?


Војската во Турција вчера вечер соопшти дека извршила државен удар во Турција. Улиците на Истанбул беа преплавени со војска, тенкови но и народ. Сепак и покрај тоа што ова е 6-ти по ред државен удар во Турција, овој пат пучот многу се разликуваше од останатите.turcija-ankara-puc-tocka-2016-04

Кога за момент турската војска ја имаше под своја контрола државата, тие изјавија дека сакаат да ја вратат контролата над земјата, уставниот поредок, човековите права и слободи, владеењето на правото како и безбедноста. Ова беше наведено во изјавата на групата која себе се нарекува „Совет на мирот“.

Сепак, граѓаните на Турција започнаа да излегуваат на улиците за да дадат поддршка на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој јавно го повика народот да се спротивстави на државниот удар.

Војската во Турција, од 1960 година неколку пати има интервенирано за да се смени Владата.

Зошто овој државен удар е поинаков од останатите?

Сепак, овој пат кога е во прашање државниот удар, постојат видливи разлики.

-Во прашање е крајно атипичен државен удар. Војската во минатото реагирала да ја смени власта откако народот од војската го побарал тоа. Ердоган можеби успеа да го оттуѓи дел од народот, но сепак има поддршка од повеќе од 50% од турскиот народ, од една страна. Од друга страна немаше масовни барања од војската за да извршат државен удар и да реагираат. Исто така може да се забележи и недостаток на лидерство и давање команда. Во претходните државни удари генералите во истиот момент на ТВ објаснувале зошто извршуваат државен удар. Во овој случај тоа не го направија, објаснува Гонул Тол, директор на Институтот за блискоисточни студии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1