Легендарниот фудбалски ас Самуел Ето утре во Истанбул требаше да организира ревијален натпревар и за таа цел ги повика скор сите големи ѕвезди со кои играше низ кариерата. Во Турција веќе пристигнаа Деко, Пујол, Арда Турам, Абидал, Лорен. Заради лошото време Меси и Иниеста го одложија доаѓањето за в сабота, а Нејмар претходно најавил дека нема да настапи.
Вечерва во Турција изби државен удар и скоро сигурно натпреварот нема да се одржи, но сега и аеродромот „Кемал Ататурк“ е затворен и фудбалерите кои се присутни во Истанбул не можат да се вратат дома.
Турската војската вечерва изврши државен удар, а покрај во Истанбул, во главниот град на Турција, Анкара, ситуацијата е хаотична.
Меси остана во Ибица и планираше да патува за Истанбул, па за Анталија во сабота, но со оглед на ситуацијата во Турција, мечот е во втор план. Барселона се огласи и потврди дека најбрзо што може ќе се обиде да ги извлече фудбалерите од Истанбул.