Турција: Медиуми – Во обидот за државен удар загинаа 17 полицајци, се апсат организаторите


Седумнаесет припадници на полицијата загинале во квартот Ѓелбаши во престолнината Анкара во текот за обидот за преврат во Турција, јавува во саботата провладината агенција Anadolu, а истовремено гувернерот на областа на Истанбул, Васип Шахин објави дека обидот за воен удар завршил без успех и дека започнале апсењата на органзиторите.3000-300x180

„Обидот за воен преврат заврши со неуспех. Веќе започнаа апсењата и приведувањето на организаторите на пучот“, реле Шахин во изјавата за NTV ноќта кон саботата.

Според сознанијата на телевизијата, бил уапсен началникот на жандармеријата во Бурса.

Делови од турските вооружени сили во петокот започнаа операција за изведување државен преврат. Настаните се одвиваа со голема брзина, на улиците во Анкара и Истанбул беа изведени силни единици, се слушаа истрели и експлозии, пренесуваат медиумите/

Група офицери објави дека ја земала власта, но премиерот Бинали Јилдримир и претседателот Реџеп Тајип Ердоган се на слобода и го повикуваат народот да пружи отпор на „обидот за уривање на демократијата“.

Медиумите јавуваат за ранети и загинати цивили во неколку градови откако војниците кои го започнаа во петокот воениот преврат отвориле огна врз нив. Цивилите излегле на улиците по повикот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да ги заштитат институциите и владата.

Војниците пукале и на еден од мостовите на Босфор кои водат од анадолскиот кон европскиот брег на Истанбул, јавува весникот Hürriyet.

Се наведува и дека пучистите ја гранатирале од тенкови зградата на турскиот парламент. Од друга страна, поддржувачите на владата собориле наводно хеликоптер на бунтовниците.

Инцидент имало и во квартот Бајрампаша во Истанбул, каде што едно лице било повредено. Потоа, војниците се повлекле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1