Меси ќе го тужи весникот Кепес спорт


Аргентинецот Лионел Меси е лут поради, како што тврди, лажното интервју со него објавено во шпанскиот весник „Кепес спорт“.

Тој изјави дека ќе поднесе тужба против новинарот и уредникот на весникот кои погрешно пренеле негова изјава за тоа дека за време на кариерата во младинскиот тим на Барселона играчите како Цеск Фабрегас и Џерард Пике го сметале за заостанат во интелектуалниот развој.
Меси ќе тужи и за тоа што весникот објавил дека наводно тој му се заблагодарил на бразилската ѕвезда Нејмар за јавно изнесени пофалби.
„Ова интервју со мене никогаш не било направено. Одбивам да ги прифатам сите кажани работи во него и имам право на тужба против Кепес спорт“, изјави Меси.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1