Меси се роди и во струшко Велешта


mesi od struskoМухарем Шеху, од струшкото село  Велешта, голем обожавател на фудбалскиот клуб Барселона и аргентинската ѕвезда Лионел Меси одлучил на неговиот новороден син да му го даде името Меси, во чест на најдобриот фудбалер на планетата Лионел Меси, јави порталот Порталб.

– Јас лично одлучив да му го дадам тоа име на мојот син. Се разбира, главниот мотив беа победите на клубот кој го сакам најмногу, а тоа е Барселона. Покрај тоа што е одличен фудбалер, Меси е и хуман човек, затоа што им има помогнато на многу луѓе кои имале потреба од нешто, вели Мухарем Шеху, таткото на најпопуларното бебе во Струга во моментов, Меси Шеху.

Гордиот татко додава дека ќе направи се што е можно неговиот син да стане играч кој ќе го достигне врвот на европскиот и светскиот фудбал. Меси Шехи се родил на деветти април точно во 10:00 часот наутро во Општата болница во Струга.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1