Местово е проколнато – грозоморни убиства во Бајмок, пред убиството на Тијана


Иако Бајмок делува идилично, со бујно желенило, градини, убави куќи и насмеани луѓе сепак има невообичаен висок процент на убиства за само 8000 жители.

1373933-dedaУбиството на Тијана Јуриќ која беше брутално убиена од 34 годишниот месар Драган го потресе целиот регион. Девојката исчезна и е убиена во Бајмок а нејзиниот дедо Миле Батриќ вели дека овој крај е проколнат.

Вака дедо Миле од Бајмок ја раскажува приказната за местото на кое е убиена малата Тијана, за српскиот Ало.

– Ова е убаво но проклето место. Од деведесетите години до денес, имаше 20 убиства, а најголем дел од нив не се расветлени. Не знам што се случува овде, но местово е дефинитивно проклето, вели дедо Миле за Ало.

Се работи за местото на кое Тијана често доаѓала особено во летниот период и седела со недели. Нејзиниот дедо седел и гледал во празно, додека пред него стоела сликата од неговата внука која повеќе ја нема.

bajmok tijana– Како сум, ех како можам да бидам. Не можам да не мислам, постојано ми е пред очи. Се прашувам зошто, се прашувам како, вели тој скршен од болка.

Тој за својата внука вели дека била весело дете, постојано насмеано кое немало човек да не го сака. Вели дека била мирна и никогаш не правела никакви проблеми.

– Не е само ова убиство, се случија повеќе. Местово е проклето. Има некое зло, вели дедо Миле.

Но, Миле не е единствениот кој смета дека во Бајмок се случува нешто чудно. Ваквото мислење го имаат и останатите жители на Бајмок. Иако Бајмок делува идилично, со бујно желенило, градини, убави куќи и насмеани луѓе сепак има невообичаен висок процент на убиства за само 8000 жители.

Кожарот Имре Освалд, пчеларот Александар Капор биле тепани до смрт. Пирошка Шеварац и Стана Иванковиќ беа задавени. Местото било и на  патеката на познатиот и озлогласениот Маринко Магда, кој се нарекува српски Џек Мевосек, кој во деведесеттите години уби 14 луѓе. Смрт сеел и масовниот убиец Џозеф Вујиќ познат како Јожо Секирица – уби девет лица.

1373959-tijana-120814-ras-foto-mitar-mitrovic-007“Ова место може да изгледа кротко, но има нешто тука. Некоја лоша енергија. Некое зло “, шепоти, мештанката Мирјана Петровиќ.

2011 година беше особено стресна за жителите на Бајмок, бидејќи таа година се случија неколку убиства, на многу суров начин! Поточно, на 8 јуни во нејзиниот дом беше пронајден мртва, задушена со перница, Пирпшка Шеварац (76). Во ноември истата година, закопана во подрумот, била пронајдена и Стана Иванковиќ (57). Неколку години пред тоа бил убиен и пчеларот Александар Капор,  го врзале и претепале во бањата, а слично беше и со кожарот и Имре.

1373969-04magdaСепак, жителите со најголема страв се сеќаваат на Маринко Магда, поранешен легионер, кој беше осуден на доживотен затвор за 14 убиства во јужниот дел на Унгарија, во северниот дел на Војводина, но и во Бајмок. Овие убиства биле извршени од алчност, а меѓу жртвите имаше и деца!  Точниот број на жртвите никогаш не е утврден.

Покрај тоа, од ова место потекнува и монструозниот убиец Џозеф Вујиќ – уби седум лица. Вујиќ започна во селото Пачир блиску до Бајмок каде на спиење убил и ограбил медицинска сестра. Потоа ги убил двајцата таксисти кои го возеле од местата на убиство. Убил и Македонски државјанин кој случајно му ја изгребал колата. Потоа се вратил во Бајмок и убил две постари жени и еден брачен пар. 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1