Албанија беше и останува во редот на земјите кои ја поддржуваат стабилноста на Македонија. Исто така, официјална Тирана ги поддржува евро атлантските интеграции на Македонија.
Ова го изјави претседателот на Собранието на Албанија Илир Мета, коментирајќи ги последните случувања во Македонија. Мета додаде дека Албанците во Македонија секогаш правеле напори за стабилност.
„Нашата порака за нив и во Поградец беше и во еден процес кој е во континуитет и со нивна меѓусебна консултација да ја потенцира нивната улога како фактор на стабилност, фактор на демократизација и фактор на интегрирање на Македонија во евроатланските структури“, нагласи Мета.