Мета: Албанија ја поддржува стабилноста на Македонија


Албанија беше и останува во редот на земјите кои ја поддржуваат стабилноста на Македонија. Исто така, официјална Тирана ги поддржува евро атлантските интеграции на Македонија.

zname-albanija

Ова го изјави претседателот на Собранието на Албанија Илир Мета, коментирајќи ги последните случувања во Македонија. Мета  додаде дека Албанците  во Македонија секогаш  правеле напори за  стабилност.

„Нашата порака за нив и во Поградец  беше и  во еден процес  кој е во континуитет и со нивна меѓусебна консултација  да  ја потенцира нивната улога како  фактор на стабилност, фактор на демократизација и  фактор на интегрирање на Македонија  во евроатланските структури“, нагласи Мета.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1