Метео аларм: Нови врнежи идната недела


Утре и во вторник ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и појава на слаба магла. Во среда ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.screenshot_59

Позначителна промена на времето се очекува од четврток кога ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне, кога на планините ќе поминат во снег.Ќе дува и умерен наместа засилен северен ветер кој ќе услови значително опаѓање на температурите.

screenshot_60

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1