„Метеопро“: Вечерва го очекуваме првиот овогодишен снег


Токму оваа саботна вечер очекуваме почеток на првите снежни врнежи оваа година.

Ќе започнат во планинскиот дел во северозападниот регион, за потоа бргу да се спуштат и на поиските места во северната половина од земјата. Во текот на ноќта и раните утрински часови овие снежните врнежи ќе се спуштат и во јужниот крај.sneg pagja

Врнежите со променнлив интензитет ќе продолжат и во текот на денот недела. Кон среднината на денот се очекува врнежите да преминат во врнежи од дожд / дожд мешан со снег, во поширокото подрачје околу Гевгелија.

Од овие врнежи треба да се очекуваат околу 20 до 25 сантиметри снежна покривка на повисоките места, пред се во северозападниот крај.
Генерално, на пониските места не се очекува снежната покривка да надмине дебелина од 10 сантиметри.

Метеопро

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1