Метеоролозите најавуваат невреме за вечерва – температурите одат за 10 степени надолу


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, а ваквото време ќе се дестабилизира од утре кога не очекуваат врнежи. Од денеска попладне ќе има поинтензивен пренос на прашина од Сахара на подрачјето на нашата земја.oblaci mk 3

Од утре следува дожд и дестабилизација на времето. Утре ќе дува повремено засилен јужен ветер.

Во сабота попладне наместа ќе има пороен дожд и грмежи, како и засилен ветер.

Во недела ќе биде посвежо со дневни температури пониски за околу 10 степени во однос на денешните.

Од понеделник ќе има стабилизирање на времето и раст на температурите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1