Метеоролозите згрешија, историската бура во Њујорк не се случи


Снежни прекривки од најмногу 30 сантиметри остави зад себе снежната олуја што овие два дена го зафати североистоткот на САД, меѓу кои и Њујорк. Но не се случи историски незапамтената олуја што требаше да го парализира источното крајбрежје со снежни прекривки од 1 метар, којашто ја најави американската хидрометеоролошка служба, јавува Ројтерс.njujork bura sneg2

Непотребно беа откажани повеќе илјади летови, прогласена вонредна состојба, забрането возење на автомобили по улиците, како и забрана за движење на возовите и метроата, а работниците и учениците останаа дома.

Ние мислевме дека ќе добиеме нешто многу поголемо. Во Њујорк брзо ќе се вратиме во нормала“ изјави градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио за Си-Ен-Ен.

Во Централниот парк на Њујорк паднаа 15 сантиметри снег, а по 10 часа беше повлечена и забраната за движење.

Голем број граѓани во Њујорк кои останаа во своите домови, фрустрацијата ја ослободија на друштвените мрежи. Меѓу осудите, има и такви кои му се израдуваа на слободниот ден и предагаат почесто да се прогласува непотребна вонредна состојба.

Највисоки снежни покривки од околу 60 сантиметри има во Конектикат и Масачусетс, на и тамошните граѓани реагираат дека очекувале повисок снег.

Американскиот хирдрометеоролопшки завод на службената Интернет страница призна дека згрешиле зашто најавуваната олуја се поместила на исток каде допрва може да се очекуваат поголеми снежни прекривки.

Тоа ќе резултира со многу помала снежна прекрива од предвиденото на североистокот. Најмногу снег ќе падне на Лонг Ајсланд на југот од Конектикат. Науката за временските прогнози константно напредува, но сѐ уште може да згреши“, стои во соопштението на заводот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1