Ми ја уби ќерката поради љубовницата: Мажот кој ја задавил сопругата сакал развод поради комшивката!?


Аца Павловиќ (31) од Мионица, Србија, кој во саботата ја задавил својата сопруга Марија (31) па се обесил, оставил проштално писмо во кое признал дека сака да изврши убиство и самоубиство. Мотивот за убиството најверојатно е „љубовен триаголник“, бидејќи тој имал љубовница, за која знаела и неговата жена, но не сакала со децата да ја напушти куќата.

aca-marija2

Во неговиот автомобил, покрај телото на Марија пронајдено е и проштално писмо кое го напишал Аца, а мајката на несреќано починатата жена, Валентина Недељковиќ, истакнала дека ќерката не и` кажала дека има брачни проблеми, но и` се пожалила на постарата сестра, пишува српски Ало.

– Таа на својата сестра, мојата постара ќерка Јелена, во пресрет на нивното исчезнување и` рекла дека Аца и` се заканува со убиство по што Јелена се` пријавила во полиција. Кога последен пат ја видов, забележав дека моето дете не личи на себе, многу ослабела, беше загрижена, но пред мене молчеше за тоа што се случува. Ништо не му беше виновна, низ созлзи раскажува мајката за Ало и продолжува:jfeijwoifjgershytrjrdjtyjkfuykiu_thumb_medium500_261

– Тој е оној кој имаше љубовница, па сепак го уби моето недолжно дете. Наместо да се радувам што Јелена се породи пред месец дена, тагувам за ќерката која прво ја изневери, па ја уби нејзиниот сопруг.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1