Метереолозите најавуваат снег утре


Во Македонија во вторник во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. На ридско-планинските предели и на планини над 1000 метри со слаби врнежи од снег.

sneg pagja

Попладне услови за слаби врнежи од дожд ќе има во северните, северозападните и североисточните предели, а над 800 метри со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 0°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 3°C до 11°C.

Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 5°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 8°C.

Во среда во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува североисточен ветер. Утринските температури од -1°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 3°C односно до 11°C.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1