-Завчера поминаа пет месеци откако се породив во Белград, каде ми рекоа дека моето бебе умрело на породувањето. Сепак, знам и сигурна сум дека мојата ќерка е жива, раскажува Ратка Рачиќ од Рашка.
Ратка (36) на 17 март се породила во Вишеград и тоа бидејќи во Рашка нема гинеколошка клиника која би можела да и ја води бременоста. Таа мислела дека во престолнината ќе има најдобар третман.
-Бременоста течеше сосема нормално. Редовно одев на контрола, и тоа бидејќи јас сум родена со споени прсти па стравував да не се повтори истото и кај моето бебе. За среќа, бебето беше живо и здраво, а бременоста без проблеми. Но, на 17 март докторите од болницата во Белград решија дека треба да се породам со царски рез, раскажува таа.
Иако до 11 часот ја држеле на стол и чекале да се породи природно без никакви провокации, дури во 18 часот лекарите одлучиле да ја стават под целосна анестезија и да извршат породување со царски рез
-Се беше во ред со бебето. Ми ставија целосна анестезија а кога се разбудив дојде докторката и ми кажа дека мојата ќерка умрела, раскажува Ратка.
Не сакала да го види своето мртво дете, но се сеќава дека и кажале дека е девојче. И рекле да потпише документ со кој потврдува дека не сака да го види детето.
-Бев издрогирана од анестезијата. Потпишав се што ми дадоа. Верувам дека детото ми е живо и продадено некаде во странство, додала таа.