Мојот син Ненад кој имаше само 19 години, е убиен од 16-годишен малолетник. Каква казна можам да очекувам за тој малолетен убиец? Ќе го осудат како да украл два касетофони, а јас повеќе немам син.
Оваа со огромна горчина за српски Курир го изјавил Новица Јовановиќ, чиј син беше убиен од од страна на 16-годишниот И.С. од Ниш.
Ненад е погребан вчера, а во куќата на убиеното момче се собрале голем број пријатели и роднини да го испратат до вечното почивалиште.
– Каде се родителите на момчето кое го уби нашиот син. Не се појавија ни сочувство да изразат, а не да се извинат за стореното, велел Новица, кој додека стоел до ковчегот на својот син му ветувал дека ќе се одмазди за неговата смрт.
Таткото Новица и мајката Марија, кои не се одделувале од мртвото тело на нивниот син, низ солзи го проколнувале и обвинувале убиецот на нивниот син, но и неговите родители.
– Ќе ги заколам, сине мој, еден по еден, без разлика колку време ќе поминам во затвор. Ќе се одмаздам сигурно, почивај во мир сине мој, рекол таткото Новица за време на закопот.
Обдукцијата покажала дека убиецот И.С. шест пати го прободел Ненад, а мотив за нападот била болна љубомора, затоа што поранешната девојка на И.С започнала да излегува со Ненад.