Мичуринска средба по традиционален 20-ти пат


Традиционалната Мичуринска средба, што ја организира Здружението на граѓани „Мичуринска средба“,годинава ќе се одржи по јубилеен дваесетти пат.

Централната манифестација е закажана за среда, 13.1.2016 година, во 19:00 часот, на платото во паркот во населбата Мичурин.badnik ogan

Во рамки на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одржи богата музичка програма и неизбежното кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата.

За цело време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи.

Во рамките на овогодишната Мичуринска средба ќе се одржи и ученичката приредба и тоа од 17:00 до 19:00 часот, во чија организација се вклучени младите мајки мичуринки и ученици од ОУ „Блаже Конески“. Училишната програма ќе содржи рецитали, хорски настапи, куклена претстава и модерни танцови. Инаку, музиката за добро расположение во Мичурин ќе почне во 12:00 часот на пладне, со што ќе почне одбележувањето на празникот Василица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1