Мицевски до Џафери: Ова е срамота, следува кривична пријава и одговорност, загрозено е здравјето на сите пратеници


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, се обрати на Талат Џафери пред почетокот на 36-тата седница.

„Подзакноскиот акт не може да биде поголем од Закон и Устав. Срамота е, непознавањето на правото штети, тоа е основна максима во правото, а вие со ваквиот однос, сте на правна одговорност и кривична одговорност. Одговнорноста е и на МВР кои дозволија да влезат позитивни лица со решенија во изолација во Собранието. Со вашето безобразно однесување го загрозувате здравјето, на сите, затоа што никој од пратениците во салава не е во скафандери. И за ова следува кривична пријава и одговорност.

Собранието треба да биде на пример за законско однесуање, а не за извршување на противправни дејствија. Ако мислите дека со пораките кои ги праќате, дека пред силата правото не влијае, вие класично го прекршивте Уставот, законот и парламентарното однесување. Имавте доволен број на пратеници, за да не ги носите луѓето и да не правите театар“, рече Мицевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1