Мицкоски: На тацна имаме сервиран криминален октопод


По објвувањето на третото продолжение за аферата „Рекет“ во италијанскиот весник „Ла верита“, на фејсбук со реакција се јави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека како на тацна имаме сервиран криминален октопод, разголен и размонтиран речиси до последната келија.

„Главната закана и пречка за правдата во Македонија е токму врхушката на власт од која тој криминален октопод со сите негови учесници од првиот до последниот ја наоѓа својата сила. Ако веќе првите луѓе на власта се криминалци, молкот на заспаното обвинителство и судство кажува дека се нивни најверни слуги“, вели Мицкоски.

Како што вели сега е јасен отпорот на Заев за реформите во обвинителството

„Јасни се и притисоците кон газдите на медиумите кои под дамаклов меч на партизираното судство и обвинителство мора да известуваат за работата на владата, а секоја критика мора да биде дозирана, иако голем дел од медиумите покажуваат пркост достојна за почит“, посочува Мицкоски.

Според него никој не верува во оние алиби соопштенија на владата, ниту пак во правдањата на комрпомитираното СЈО, а уште помалку на како што пишува оние правдачки и помалку комични настапи на злоупотребеното момче портпарол.

„Вистината е дека владата под маската за борба против криминал создаде и штити криминал. Таквото толерирање на криминал веќе прераснува и во навреда на интелегенцијата на граѓаните. Симплифицирано ова би значело, Катица, која е пуленот на Заев, треба да почекаме да се врати од “боледувањето” кое случајно го врви на море кај јужниот сосед, со надеж дека можеби и ќе залади за да се одоброволи да даде изјава за нејзиното учество во милионскиот рекет“, додава Мицкоски.

Тој понатаму пишува дека Кики и Фрики се заштитените светињи, не затоа што се невини, туку затоа што блиску до врхушката на власт, а Заев вели ако треба и би жртвувал по некој само за да се спаси себе си.

„Знаеме дека ова не е изолиран случај, туку случајот Рекет е само камче од системот на криминал и корупција кој владее во Република Македонија. На површина ќе излезат и заканите кон многу други луѓе кои оваа власт ги праваше“, стои во објавата на Мицкоски на фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1