Боки 13 му кажува на Камчев за Заев: „Знам што сум зборел со него за тебе“


Под наслов „Боки 13 се гордее со своето пријателство со македонскиот премиер Зоран Заев“ италијанскиот весник „Ла верита“ објавува нови четири аудио снимки меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев. Во 30 минутното видео се слуша како Боки 13 го спомнува и премиерот Зоран Заев и му кажува на Камчев дека ќе се сретне со него .

Транскрипт од разговорот:

Боки 13: Една позитивна работа што јас не ја соопштувам сега. Менаџирањето околу Заев и целата таа игра. Јас таа конструкција веќе ја имам смислено, направено.

Камчев: Добро, ти рече. Јас не се мешам, гледаш кај мене нема ништо не мрдам, кај мене нема ни милиметар од она што е договорено.

Боки 13: Знаеш, јас довербата ја стекнувам јавно, што сум го кажал на овој или на оној начин тоа ќе си го изработам и ќе си го завршам. Јас поради тоа што стекнувам доверба ти кажувам работи во поверение.

Камчев: Апсолутно да, да нема тука ништо злоупотреба, тоа е јасно.

Боки 13: Апропо Заев, ти кажав за Жаре и тоа ти кажав само тебе, не знае никој.

Камчев: Си бркаш работа, кој може…

Боки 13: Не, не ти кажав, ти велам…

Камчев: Да де, јасно јас не сум го чул Жарко, знаеш, не сум му свртел.

Боки 13: Не зборувам јас за тоа. Сеа си Дејан, стицајем околности сте во исто, па знаете дека имаат… За Жарко не знае ни Дејан, не знае ни никој. Сум ти кажал…

Камчев: А од кај да знае?

Боки 13: Еве ти кажувам, да не случајно ти се испушти.

Камчев: Дали си нормален, со Дејан ја многу ретко разговарам, прво.

Боки 13: Пред било кој.

Камчев: Заборави го тоа.

Понатаму има уште еден дел од разговор во кој Боки 13 кажува дека ќе се види со премиерот.

Боки 13: Утре се глеам со него

Камчев: Со Дејан?

Боки 13: Не

Камчев: Со Жаре?

Боки 13: Со Зоки.

Камчев: Со Зоки?

Боки 13: Со Заев.

Камчев: Мислам дека он нема да прави… така барем мислам, сега тоа ти треба да ми кажеш.

Боки 13: Знам јас што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, што не знае никој.

Камчев: Добро шефе.

Боки 13: Ќе ме испратиш до врата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1