Мицкоски побара оставка од Заев


По првата блокада што се случи на денешниот прв состанок на евроамбасадорите во Брисел пред министерскиот состанок на ЕУ, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара оставка од премиерот, Зоран Заев и формирање на техничка влада или влада на национален спас.

-Доведена е до знак на прашање европската перспектива на Македонија под раководство на Зоран Заев. Поразена е неговата политика на свиткана кичма, очигледно е дека доволно не ја свиткал кичмата. И во име на тоа најчесно би било тој и неговиот тим на политичари веднаш да заминат, да дојдат луѓе кои што ќе ја креваат Македонија од оваа положба во која што тие ја донесоа. За тоа веднаш да ги напуштат позициите и да организираат предвремени избори на кои што би можеле граѓаните во термин во кој што нормално здравствените услови ќе дозволат да се случи такво нешто, а веднаш сега можеби треба и да почнеме да размислуваме за една идеја која што ја почнаа од Алијансата за Албанците, а тоа е една Влада за национален спас, техничка влада или некој друг тип на форма, рече Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1