Мисајловски: Под итно да се формира Влада за национален спас


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска даде изјава за дневникот на телевизија Сител каде што порача дека е време да се формира влада за национален спас, бидејќи Владата на Зоран Заев како и Собранието не функционира, а поради тоа страдаат граѓаните на Република Македонија.

-Моментално власта во Македонија не функционира. Вие денеска ја имате власта каде што не може да обезбеди кворум. Денеска немаше можност за гласање на одреден број на закони. Денеска немаше можност како Кацарска да ја изберат, бидејќи немаа доволен број на пратеници- истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има добра соработка со опозициските партии во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски партии се бори со корупцијата и неправдите кои власта секојдневно ги нанесува.

-Впрочем, кога е најтешко Македонија, зборам за здравствената криза нема поделба, независно дали си Македонец, Албанец, Ром итн. Тука треба сите да се сплотиме- порача Мисајловски.

Мисајловски посочи дека во најтешките моменти во кои се наоѓа државата, владата наместо да помогне, таа ја обвинува опозицијата дека е виновна за сÔ.

-Моментално не функционира Собранието, а верувајте не функционира ниту Владата. Затоа е морално тоа да се направи, а тоа е влада за национален спас. Не може СДСМ да вели дека ги носи сите закони во Собранието, а верувајте без нас не може ништо да помине- нагласи Мисајловски.

Мисајловски порача дека водење онлајн седници на СДСМ тоа нема никогаш да помине.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1