Мицкоски: Секој кој што сака да се бори против Заев и оваа Влада е добредојден


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски даде интервју за радио емисијата Македонски корени од Сиднеј.

Лидерот на опозицијата вели дека секој кој што сака да се бори против Зоран Заев и оваа Влада е добредојден.

-Не само што не ги подржуваме туку напротив силно се спротивставуваме на ненационалните, ненародните и криминалните политики на овој криминален октопод кој што е инсталиран во Владата на Република Македонија така што навистина не можам да ја разберам суштината дека ние ја подржуваме владата напротив единствен кој што сега се бори против оваа влада и кој што му пркоси на сето ова денешно криминално секојдневие во Република Македонија е ВМРО ДПМНЕ. Секој кој што сака да се бори против Зоран Заев и оваа влада е добредојден и ние тоа сме го кажале многу пати во минатото но кога станува збор за отпочнување преговори со Европската Унија тоа не е политичко прашање тоа е прашање кое што е од интерес на сите граѓани во Република Македонија и Република Македонија, ќе ве потсетам тој процес е започнат уште кон крајот на минатиот век односно кон крајот на минатиот милениум кога е потпишан договорот за асоцијација и стабилизација во Загреб, потоа во 2005 година некоја друга влада стана Македонија земја кандидат па некоја друга влада во 2008- 2009 добиваше позитивни извештаи од Европската Комисија за отпочнување на преговори а ова што денеска се случува е практично покрај целокупната жртва на македонските граѓани и на македонската држава еден заслужен датум кој што треба сите ние да го потпомогнеме, потенцира Мицкоски.

Додава дека ова е граѓанска обврска на сите нас не зборуваме за политичка обврска секој од нас кој што има некакво влијание во рамките на тие структури кои што одлучуваат во Брисел треба да помогне и треба да направиме се што е во наша моќ Македонија да добие датум за преговори.

-И тоа не е поддршка тоа е напротив тоа е поддршка за вековната аспирација на македонските граѓани а тоа е Европската Унија и НАТО алијансата и тука не треба никој да има дилема нити пак некој има дилема а инаку, жестоко се спротивставуваме и ќе продолжиме жестоко да се спротивставуваме се разбира користејќи ги сите демократски алатки против оваа анационална , ненародна криминална власт на Република Македонија, подвлекува Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1