Мицкоски: Заев е навреда за интелигенцијата на македонскиот народ


На прашањето за ставот околу промената во врвот на СДСМ и на Владата на Република Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Плусинфо вели дека премиерот Зоран Заев е навреда за интелигенцијата на македонскиот народ.

Овој потег на Заев го ценам како веслање на суво. На овој начин тој повторно се обидува да ја навреди интелигенцијата на македонскиот народ. Ако мисли дека со тоа што номинира лице коешто е релативно непознато за јавноста и дека на тој начин јавноста ќе заборави дека 52 месеци се тие власт и дека 52 месеци ја пљачкосуваат, понижуваат и распродаваат Македонија. Како гарнитура на власт која четири и пол години владее со Македонија, таа прави уште еден неуспешен маневар, кој има за цел да направи едно фино приземјување надвор од политиката и брза евакуација и дислокација на сето тоа што е ограбено досега.

Секако е дека е и обид да се сокријат сите незаконски дејанија што Заев ги правеше во изминатиов период. Не мислам дека од ова ќе излезе значаен и квалитативен исчекор, бидејќи овој човек (Ковачевски) досега беше заменик-минисер за финансии и ние во тој период немаме некаква брилијантна реформа во сферата на монетарната политика, напротив доколку го погледнете дефицитот ќе се уверите дека изнесува повеќе од 500 милиони евра, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, на висина од 250 милиони евра, што значи дека имаме двојно повеќе дефицит од капитални инвестиции.

Долгот е сè поголем, економијата е ужасна, а на ниско ниво се и директните странски инвестиции, како во ниту една земја од регионот. Албанија, Косово и Србија се далеку од Македонија по глава на жител. Така што, овој политички маневар, уште еднаш ќе повторам, го ценам само како обид да се навреди интелигенцијата на овој народ и обид да се влијае врз гласачите, со цел да се заборави на тоа што оваа Влада ѝ го има направено на земјава во изминатиов период, кажа Мицкоски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1