Мигрант доби на лото: Не можам да верувам, немав ни пет евра во џеб


Мигрант од Сенегал освои добивка од 400.000 евра на шпанската божикна лотарија во Андалузија, каде повремено работел во стаклените градини, соопштија денеска локалните медиуми.migrant-dobi-na-loto

– Не можам да верувам, немав ни пет евра во џеб, вели возбудено 35-годишниот добитник Нгаме, кој живее во туристичкиот град Рокетас де Мар, а во моментов е без работа.

Тој објасни дека пред осум години дошол со сопругата на шпанскиот остров Тенерифе во импровизиран чамец, по што преминал во покраината Алмерија.

– Бевме 65 во тој чамец и овде сме благодарејќи на Шпанците кои не спасија откако бевме во вода по претрпениот бродолом, објаснува среќниот добитник.

Тој повремено работел во стаклените градини во Рокетас де Мар, но сега е без работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1