Мигранти мачеле, па убиле пејач- телото пронајдено во када


Австриското обвинителство покрена обвинение против двајца сириски мигранти, на возраст од 19 години, за брутално убиство на 30-годишниот српски пејач Александар Марковиќ – Аки, кој живеел и работел во Салцбург.pejac3

Според обвинението, обвинетите го давеле Марковиќ, му ги врзале рацете и нозете, па го ставиле во када. Со мачење се обидувале од него да го добијат пинот на неговата кредитна картичка, од која сакале да ги повлечат парите.

Тинејџерите, кои биле уапсени две недели по злосторството, рекле дека немале намера да го убијат пејачот, туку само да го ограбат во неговиот стан, пренесуваат австриските медиуми.

Еден од двајцата мигранти практично го признал убиството. Тој изјавил дека ја врзал и ја гушел жртвата, но не верувал дека тоа ќе го убие. Неговиот соучесник, пак, признал дека го ограбил станот во кој провалиле, но негирал дека учествувал во претепувањето и давењето на жртвата.

Мачењето било смртоносно за пејачот. Кога сфатиле што направиле, Сиријците пробале со детергент и со шампон да ги измијат своите траги и отисоци. Потоа темелно го превртиле станот и ги собрале сите скапоцености, како и најмалку 45 парчиња облека, мобилниот телефон на жртвата и неговата торба.

По излегувањето од станот, Сиријците биле забележани од страна на соседите. Исто така, во станот случајно била оставена и привремената исправа на еден од мигрантите. Тој бил уапсен во Германија, а на себе ја носел облеката на убиениот Марковиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1