Хорор во Кочани: Малолетничка силувана два пати од исто лице


Триесет и едно годишната С.М. од Кочани вчера пријавила дека пред два дена нејзината 14 годишна ќерка била два пати силувана.

Според пријавата И.М. (31) од Кочани во два наврати извршил силување и други полови дејствија врз малолетничката. Од полицијата информираат дека пријавениот со возило ја однел малолетничката на местото Гумата, село Грдовци насилно ја извлекол од автомобилот, ја соблекол и ја допирал по интимните делови и ја бакнувал. Истото дело го повторил веднаш потоа, на периферијата од градот.iscelitel siluvanje

Девојчето во двата случаи се обидело да се оттргне од него и барало помош.

Истрагата треба да покаже како девојчето се нашло во автомобилот на И.М.,а полицијата ги превзема сите мерки за расчистување на случајот.

Имено, во саботата мајката во полицијата пријавува дека еден ден претходно (петок 18.11) по кратка расправија со ќерката, истата се оддалечила во непознат правец.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1