Мигрантите дивееле и сексуално ги напаѓале жените и во Финска и Австрија


По Германија и Швајцарија, пристигнуваат информации за сексуални напади на жени и во Финска, како и во Австрија.

Финската полиција соопштила дека во текот на новогодишната ноќ биле забележани невообичаено голем број на сексуални напади врз жени. Истите се случиле околу и на главниот плоштад во Хелсинки. Инаку таму има околу илјада баратели на азил и тоа повеќето од Ирак.Migrants-rape

Пријави за сексуални напади на жени се забележани и во Салцбург и Цирих.

-Случаите на напади и пријави во Германија ги охрабрија  жртвите во Австрија да ги пријават сексуалните напади врз нив, објаснува портпаролката на полицијата од Австрија, Валери Хилебранд.

Германската полиција зачудена од дивеењето на мигрантите. Ангела Меркел итно побарала сеопфатен одговор на ситуацијата, особено во Келн.

Полицијата во Келн добила над 120 пријави, повеќето за сексуални напади, вклучувајќи и две силувања кои ги извршиле мажи од северноафричко или арапско потекло, а жртвите сведочеле дека мигрантите ги опкружиле, сексуално ги нападнале и ги ограбиле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1