Лицето повредено во железничката несреќа која утринава се случи на пругата Табановце-Куманово при транспорт во Ургентниот центар Скопје им подлегна на повредите.
Во однос на мерките преземени од страна на Министерството за здравство, изминатиов период, од 10.08 до 16.08 .2015 извршена е дезинфекција на : 7600 м2 вагони и површина на жел.станица Куманово/Табановце, потоа 9800 м2 вагони, како и дезинфекција на 1500m2 на прифатен центар Визбегово, вклучувајќи и 14.450м2 површина на жел.станица, автобуска и простoр каде се стационирани мигранти како и на пол.возила во Гевгелија.
Во општа болница Гевгелија 37 мигранти имаат добиено здравствена заштита, од кои 34 мигранти од Сирија,1 од Авганистан и 2 од Ирак. Притоа пружена е здравствена заштита на 7 трудници, потоа на 12 мигранти кои се пожалиле на стомачни проблеми, еден со дијабет, два со епилепсија, а останатите се пожалиле на вртоглавици, несвестици и изгореници. Еден мигрант со хемофилија на кој му била потребна неопходна терапија, е препратен во Скопје. Мигрантот е барател на азил и преку Прифатениот Центар Визбегово е хоспитализиран на клиниката и се наоѓа на болничко лекување
Здравствен дом Куманово преку брза помош транспортира 3 пациенти во ОБ Куманово до хируршко одделенеие