Мигрантот им подлегна на повредите, на низа други им е пружена помош


Лицето повредено во железничката несреќа која утринава се случи на пругата Табановце-Куманово при транспорт во Ургентниот центар Скопје им подлегна на повредите.migranti voz 33

Во однос на мерките преземени од страна на Министерството за здравство, изминатиов период, од 10.08 до 16.08 .2015 извршена е дезинфекција на : 7600 м2 вагони и површина на жел.станица Куманово/Табановце, потоа 9800 м2 вагони, како и дезинфекција на 1500m2 на прифатен центар Визбегово, вклучувајќи и 14.450м2 површина на жел.станица, автобуска и простoр каде се стационирани мигранти како и на пол.возила во Гевгелија.

Во општа болница Гевгелија 37 мигранти имаат добиено здравствена заштита, од кои 34 мигранти од Сирија,1 од Авганистан и 2 од Ирак. Притоа пружена е здравствена заштита на  7 трудници, потоа на 12 мигранти кои се пожалиле на стомачни проблеми, еден со дијабет, два со епилепсија, а останатите се пожалиле на вртоглавици, несвестици и изгореници. Еден мигрант со хемофилија на кој му била потребна неопходна терапија, е препратен во Скопје. Мигрантот е  барател на азил и преку Прифатениот Центар Визбегово е хоспитализиран на клиниката и се наоѓа на болничко лекување

Здравствен дом Куманово  преку брза помош транспортира 3 пациенти  во ОБ Куманово до хируршко одделенеие

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1