Последниот советски лидер Михаил Горбачов е префрлен во болница во Москва поради враќање на болеста – соопштија руските медиуми. Горбачов долго време се лекува од тешка форма на дијабетес.
– Во последните 7 дена мојата здравствена состојба беше помалкуили повеќе задоволителна, но денеска сум во болница. Повторно се врати болеста – изјави 84 годишниот Горбачов за руските медиуми.
Горбачов е последниот претседател на Советскиот Сојуз. Поднесе оставка во 1991 година откако 11 поранешни советски републики основаа Заедница на независни држави, со што Советскиот Сојуз исчезна.