Дали ти не се испазари за самиот себе на грбот, не само на другите туку и на Македонија и нејзиното уставно име, го прашува Сашо Мијалков, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.. Мијалков во отворено писмо до лидерот на најголемата опозициска партија бара одговори на прашања поврзани со името на државата, судскиот процес за собраниските настани и гласањето на пратениците за прифаќање на уставните измени..
„Кога сите знаевме дека убедливо поголем дел од граѓаните на Македонија се против договорот со Грција, зошто откако се потпиша договорот, не го повика народот на одлучно гласање „против“ и со тоа да се оствари силна победа над оние што беа „за“? Со таква победа на народот, ќе се оневозможеше и ќе се станеше безмислен понатамошниот притисок врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кој притисок беше предвидлив и ти знаеше дека ќе се случи. Дали е во ред некои свои соработници пред неколку недели да ги охрабруваш да убедат 8 пратеници да гласаат ЗА со цел да се решело прашањето ама и ти да не си бил крив, а плус да глумиш храбар лидер кој бара предвремени избори фалејќи се со сомнителни анкети кои ги добиваш оа агенција од друга држава?, прашува Мијалков..
За него сомнително е што веднаш по превземањето на функцијата претседателот на партијата, Мицкоски ги прекинал протестите за 27 април..
„Те повикувам да одговориш, кому ти како претседател на партијата му се додворуваше и кому му имаше ветено дека масовни и секојдневни протести за името нема да има и дека ВМРО нема да го блокира процесот за решавање на името, туку само ќе изразува несогласување? Приказните дека некој ќе ги злоупотребел протестите за да те намести и да се повтори „27 април“ ептен не држи. Тоа е кукавичка приказна на луѓе кои се плашат да се соочат со сопствените вредности и сопствената поддршка“, напиша Мијалков во отвореното писмо до Мицкоски..
Тој од лидерот на опозцијата бара и одговори за начинот на кој се стекнал со неколку хидроцентрали.. Според Мијалков, има многу професори на факултет но само еден кој немал сопствен бизнис и само со концесија доделена од ВМРО има вредни електрани кои носат милионски заработки..
Инаку отвореното писмо на Мијалков до лидерот на опозицијата доаѓа по неполна недела откако го исклучи од партијата со обвинувања дека соработувал со Зоран Заев во убедување и поткуп на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измени..
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека екс шефот на УБК е во криминална коалиција со премиерот Заев и неговиот брат Вице Заев..