Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков вели дека се уште не ја подигнал, ниту пак ја употребил дипломатската патна исправа, која согласно закон и дискреционото право на министерот му била доделена од Министерството за надворешни работи, пренесува Курир.
-Во недостиг на идеи и поддршка од граѓаните сосема е очекувано СДСМ преку нивните медиуми фокусот да го стави на црна кампања и напади на лична основа со обиди за дискредитација. За да им се одземе и ова последно оружје и да излезе на виделина нивната безидејност, одлучив воопшто да не ја подигнувам дипломатската патна исправа и да се откажам од неа. Останувам и продолжувам да се борам за интересите на Македонија и македонскиот народ. Не сум потклекнал пред многу посериозни притисоци и закани, па нема ниту сега, вели Мијалков.
Екс директорот на УВК додава дека е убеден дека граѓаните и во април ќе им порачаат на СДСМ што мислат за нивната дикредитивност, исто вели, како што им порачуваа и во изминативе 10 години.