Мијалков: Се откажувам од дипломатскиот пасош, продолжувам да се борам за Македонија


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков вели дека се уште не ја подигнал, ниту пак ја употребил дипломатската патна исправа, која согласно закон и дискреционото право на министерот му била доделена од Министерството за надворешни работи, пренесува Курир.

g_saso-mijalkov

-Во недостиг на идеи и поддршка од граѓаните сосема е очекувано СДСМ преку нивните медиуми фокусот да го стави на црна кампања и напади на лична основа со обиди за дискредитација. За да им се одземе и ова последно оружје и да излезе на виделина нивната безидејност, одлучив воопшто да не ја подигнувам дипломатската патна исправа и да се откажам од неа. Останувам и продолжувам да се борам за интересите на Македонија и македонскиот народ. Не сум потклекнал пред многу посериозни притисоци и закани, па нема ниту сега, вели Мијалков.

Екс директорот на УВК додава дека е убеден дека граѓаните и во април ќе им порачаат на СДСМ што мислат за нивната дикредитивност, исто  вели, како што им порачуваа и во изминативе 10 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1