Мико: Не го жртвувајте името за да влезете во ЕУ чие постоење е доведено во прашање


Едноставно е погрешно тоа што апликацијата на Македонија за членство во ЕУ е ставена на чекање поради Грција, а сега и Бугарија. Погрешно е тоа што  т.н. лидери на ЕУ дозволуваат другите членови да ја блокираат Македонија, истакнува американскиот аналитичар Џејсон Мико во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

miko-300x234– Доколку лидерите на ЕУ навистина сакаат пристапните преговори со Македонија да започнат, тие би можеле да се погрижат тоа и да се случи. Правилата во рамките на ЕУ може да бидат заобиколени, па дури и прекршени. Треба само да се погледне на финансиската криза и финансиската помош, особено на Грција и Кипар, за да се разбере еден едноставен факт: ЕУ може да ги заобиколи сопствените правила, вели Мико.

Тој оцени дека Македонија се наоѓа во тешка сосотојба меѓу чеканот и наковалната, но не значи и дека таквата ситуација треба да остане.

– Македонија има алтернативи, вклучувајќи и создавање односи со други земји кои се подготвени да помогнат, како и градење на сопствената економија, без да бидат во ЕУ. Меѓутоа, втората алтернатива бара напорна работа и посветеност и јас сум убеден дека Македонците можат да го направат тоа. Во исто време, не заборавајте дека членството во ЕУ не е лек за се. Дури и доколку Македонија се приклучи кон ЕУ утре, не би почувствувала никакви ефекти со години. И, се разбира, со оглед на моменталната состојба на ЕУ, тие ефекти може дури да бидат и негативни, изјави Мико.

Прашан што ЕУ и САД треба да направат за да се реши македонскиот проблем, Мико вели дека е потребно вистинско лидерство – вклучувајќи Грција да се откаже од својата непопустливост – да се направи нешто во врска со ова.

– Постојат конкретни реални чекори што САД, ЕУ и НАТО може да ги преземат во врска со ова прашање, но се чини дека тие не сакаат да ги преземат тие чекори- нагласува Мико.

За мене е фасцинантно да се види како меѓународната заедница ја третира Грција наспроти тоа како ја третира Македонија. Јас сериозно се сомневам, иако можеби грешам, дека „интернационалците“ вршат притисок врз Грција. Доколку вршат, ние би слушнале за тоа со оглед на склоноста на дипломатите да пренесуваат информации до печатот- вели Мико.

– Ова го имам изјавено претходно и пак ќе го изјавам: „интернационалците“ ќе вршат поголем притисок врз онаа страна за која тие мислат дека прва ќе попушти – и во моментов, тие мислат дека Македонија ќе попушти прва. Тоа е причината зошто Македонците мора да останат обединети и силни: Нема промена на македонскиот идентитет или име. Не морате да го жртвувате вашиот идентитет за да влезете во клубот чие постоење е доведено во прашање-  истакнува Мико во интервјуто за за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1