Миле Китиќ итно префрлен во болница, му се слошило па го чека тешка операција


Фолк пејачот Миле Китиќ во текот на викендот поради проблеми со срцето итно е примен во болница. Лекарскиот тим кој се грижи за здравјето на пејачот овие денови ќе донесе одлука дали и кога ќе му биде вграден пејсмејкер.

Китиќ се пожалил на болки во пределот на градниот кош, поради што исплашената сопруга Марта Савиќ, веднаш го однела во болницата во близина на нивниот дом на Звездара.mile-kitic-bugarska-predsednik-foto-damir-dervisagic-1478732575-1031713-119273

-Кога стигна во болница лекарите констатираа дека има енормно висок притисок, додека болките во градите јасно говореле дека се работи за срцеви проблеми. Истиот момент се направени анализи и тој е задржан во болница. Лекарите констатирале замор на срцевиот мускул, поради што цело време ќе биде под строга контрола на лекарскиот тим кој ја следи неговата состојба. Тие во наредните неколку дека ќе одлучат дали и кога ќе биде опериран, и дали ќе му биде вграден пејсмејкер, вели извор.

-Миле мислел дека се работи за обичен замор поради бројните настапи и обврски кои ги имаше во претходниот период. Првите тегоби ги почувствуа кон крајот на минатата недела по прославата на роденденот на Марта, но не сакаше веднаш да оди на лекар, но кога сфати дека болките се се посилни отиде на преглед. Лекарите се задоволни како неговото срце и тело реагираат на пропишаната терапија, но му одржаа лекција дека не може да живее како младо момче кгоа има 65 години. Миле се надева дека нема да му биде потребна операција, но за тоа ќе одлучи лекарскиот конзилиум, вели извор.

Мобилниот телефон на Миле е исклучен, па новинарите го повикаа на фиксниот телефон во нивниот дом.

-Миле моментално е во болница, а дома нема никој од Савиќ и Китиќ кој би ви дал коментар. Тој во текот на викендот имаше проблеми со срцето, по што сопругаа го однесе во болница, а лекарите го оставија за да ја следат неговата состојба. Уште не е опериран и не се знае дали ќе има операција. Состојбата моментално му е стабилна и само тоа можам да ви кажам, изјави маж кој се јавил на телефон и се претставил како куќен пријател.

Набрзо на мобилен се јавила и Марта.

-Миле имаше многу настапи и исцрпен е. Му беше висок притисокот и се чувствуваше многу лоше, па побаравме медицинска помош. За жал, првпат во животот мораше да ги откаже сите настапи. Сега се опоравува и тоа е најважно, вели Савиќ.

Ги откажа сите настапи

Миле Китиќе е еден од најбараните српски пејачи во дијаспората. Тој беше пребукиран цел мај, а поради новонастанатата ситуација неговиот менаџерски тим бил принуден да ги откаже сите настапи. Како што е најавено, се до неговото целосно закрепнување, тезгите ќе мора да причекаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1