Српската брачна двојка Милена Дравиќ и Драган Николиќ, актерски легенди, планираат еден ден својот имот, кој вклучува бројни награди, дипломи и признанија, да го подарат на Југословенската кинотека, дознава српски „Курир“. Големите актери, кои веќе со децении ги освојуваат срцата на публиката, размислуваат дека на тој начин сето она што го стекнале и го освоиле на бројните фестивали и други манифестации да го остават во аманет на актерските генерации. Благодарение на овој нивен хуман чин, младите актери ќе имаат увид во нивната богата кариера, а со самото тоа и потстрек секој ден се повеќе да вложуваат во своето работење, да напредуваат, да истраат во својата професија и да бидат што подобри.
– Милена и Драган целиот живот го посветија на театарот и филмот. Како истакнати актери, двајцата се добитници на сите позначајни филмски награди на просторот на бивша Југославија, вклучувајќи ја и наградата за животно дело. Покрај својата животна професија, Драган е и голем хуманитарец. Меѓутоа, за својот придонес кон општеството и луѓето на кои помошта им била неопходна избегнува да зборува во јавноста. За хуманитарното работење на Николиќ знае само потесен круг луѓе, а неговата желба е така и да остане. Смета дека би се девалвирала целата приказна и секој обид на хуманитарното работење ако за тоа би се удирало на големи ѕвона бидејќи, според неговото мислење, невкусно е за тоа да се зборува. Поради тоа малку се знае што се оваа актерска двојка правела само за да им помогне на другите – наведува извор.
Драган Николиќ не бил расположен да зборува на оваа тема.
Имено, единствен актер кој сите свои награди и ги оставил на Југословенската кинотека е Љубиша Самарџиќ.