Откако почина познатиот српски актер Драган Николиќ, Милена е во многу тешка здравствена состојба, пишуваат српските медиуми.
Целото семејство е во голем шок поради сите случувања. Веста за неговата смрт најтешко ја поднесе неговата сопруга Милена Дравиќ. Веднаш по погребот на Гаго, Милена ја сместиле во болничка установа.
Неколку часа по погребот, на Милена имала страшни вртоглавици и губела свест. Во неколку наврати лекарите се бореле за нејзиниот живот бидејќи се чувствувала многу лошо.
Целото нејзино семејство и колегите актери се мошне загрижени за неа.