Милениумскиот крст на Водно ќе добие ново осветлување. Од утре ќе почне демонтажата на постечкото и поставување на новото осветлување, што е во рамки на проектот за реконструкција и адаптација на Крстот.
Додека траат градежните работи за замена на светилките, Милениумскиот крст нема да свети во наредните два до три месеци, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.