Ирскиот милионер Kevin McGeever, бил киднапиран од својот дом пред цели 8 месеци. го пронашле на автопат, завиткан во пластична вреќа, коска и кожа и со зборот ,,Крадец,, на челото. Бил дезоирентиран и целосно истоштен.
Го пронашла Керин Валели и го однела 68-годишниот тајкун во полициска станица, каде се објаснило дека се работи за милионерот кој бил киднапиран од својата вила во Главеј од страна на три маскирани вооружени лица. Се претпоставува дека се работи за членови на руската мафија и ИРА.
Мекгивер е во градежната индустрија и во последно време продавал и градел станови во Дубаи. Вели дека го држеле во темно место, знае дека барале откуп но не знае дали било исплатено од страна на неговото семејство. Кога го пуштиле му дале и мобилен телефон и му кажале да го носи со себе цело време.
Тој бил киднапиран во Јуни во својата градина од куќата вредна 2.5 милиони долари која е добро обезбедувана.