Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предмалку изјави дека, според податоците со кои располага партијата, ќе победат во трката за градоначалнк уште во првиот круг во повеќе општини.
Притоа, тој ги спомена Гази Баба, Штип, Прилеп и повеќе други општини, меѓу кои и Струмица, која дваесетина година е под локална власт на СДСМ.
Што се однесува до Скопје, Милишоски рече дека нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски има голема предност, но остави можност дека сепак ќе се одржи и втор круг.
ВМРО-ДПМНЕ, според нивниот аналитички центар, објави дека се избрани градоначалници во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен, Свети Николе, а дека на прагот е огромна победа во Струмица.
Во и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се собираат членови на партијата и веќе е се подготвено за прославување на победата на кандидатите на партијата.









